Денеска на осум стадиони во Европа не очекува завршницата на третото коло во фазата по групи во Лигата на фудбалските шампиони. Два меча привлекуваат посебно внимание. Бранителот на тронот Ливерпул ќе гостува кај Генк додека Интер ќе ја пречека Борусија Дортмунд.
Еве го денешниот распоред. Група Е, Салцбург – Наполи и Генк – Ливерпул. Група Ф Интер – Борусија Д и Славија П. – Барселона. Група Г (18.55) Лајпциг – Зенит и Бенфика – Олимпик Лион. Група Х (18.55) Ајакс – Челзи и Лил – Валенсија.
Средбите од Лигата на шампионите ќе можете да ги следите во специјализираната вечерна програма на Спортско Радио 90,3 ФМ.