Легендата на фудбалскиот состав Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, признава дека му се исполнил сонот да игра за „старата дама“ бидејќи од мали нозе бил голем фан на великанот од Торино.
„Бев навивач на Јувентус. Освоив сè што можев. Мојот последен натпревар против Аталанта беше навистина посебен. Многу повеќе од која било титула и награда. Немам зборови за да опишам што ми значеше емоцијата на моите соиграчи и навивачи“ – нагласи Дел Пиеро за „ Sky Sport“.
„Дибала неколку пати ја доби капитенската лента што не е случајно. Јас го познавам Пауло совршено и мислам дека е многу способен и дека стекна искуство. Мислам дека е комплетен играч“ – потенцираше Дел Пиеро.