Англиските фанови на Тотенхем разочарани ја напуштија Германија откако нивните миленици вчера загубија на теренот на Лајпциг со убедливи 3-0 со што прерано го завршија настапот во ЛШ. Играчот на „Спарси“, Деле Али, веднаш по елиминацијата упати извинување до сите фанови на неговиот тим кои беа на стадионот.
„Сакам да им се извинам на навивачите. Тие допатуваа до тука а ние изгубивме без борба. Начинот на кој ги примивме головите покажува дека немавме силен менталитет “ – вели Деле Али.
„Не може да криеме дека имаме многу лоша сезона, но, треба да продолжиме да се бориме. Треба сите фудбалери да се мотивираат и да се обидеме да се вратиме на победничките патеки“ – потенцираше играчот на Тотенхем.