Сенегалскиот напаѓач Демба Ба официјално ја заврши кариерата. Поранешниот играч на Хофенхајм, Вест Хем, Њукасл, Челзи и Бешикташ одлучи да се откаже од фудбалот на 36 -годишна возраст. Последен пат играше во Лугано, Швајцарија.
„Ја завршувам кариерата и го правам со срце полно со благодарност. Тоа беше неверојатно патување! Имаше многу пот и солзи, но фудбалот ми даде толку прекрасни емоции. Од вревата на трибините по постигнувањето на гол до комуникација со моите соиграчи на и надвор од теренот. Секогаш ќе го паметам сето ова“, напиша Демба Ба.
THE START… pic.twitter.com/oldRru5v4z
— Demba Ba (@dembabafoot) September 13, 2021
„Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа, на секој клуб и менаџер што ми даде можност, на сите навивачи за нивната неверојатна поддршка, како и на моето семејство и пријателите за нивната безгранична љубов“, додаде Сенегалецот.