Барселона денеска ќе игра против ПСЖ во реваншот од четврт-финалето во Лигата на фудбалските шампиони а во центарот на вниманието ќе биде, Осман Дембеле, кој го чека пеколен пречек од домашните фанови.
Познато е дека црномурестиот фудбалер помина шест години кај Каталонците но, главно се соочуваше со повреди и беше надвор од теренот.
Напаѓачот во претходното лето доби понуда и брзо ги спакува куферите и се пресели на „Паркот на принцовите“. Тоа беше негативно прифатено од навивачите на „Камп Ноу“.