Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле е уште поблиску до промена на клупскиот дрес. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на својот „Твитер“. Според Романо, францускиот офанзивец денеска успешно го поминал лекарскиот преглед за да се пресели во ПСЖ.
Претходно се дозна дека ПСЖ ќе и плати на Барселона 50 милиони евра за 26-годишниот напаѓач. Актуелниот договор на Дембеле со Барселона е до крајот на јуни 2024 година. Како дел од Барселона, три пати го освојуваше шпанското првенство, два пати Купот и Суперкупот на земјата.
Дембеле минатата сезона забележа 35 официјални настапи за Барселона. Французинот има осум гола и девет асистенции.