Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, на средбата со новинарите пред денешниот меч со Интер во финалето на Лигата на фудбалските шампиони, вели дека треба да се контролираат емоциите.
„Многу сме горди што сме во финалето. Интер е многу силен физички тим и знае како да се брани. Треба да бидеме сериозни од почеток до крај бидејќи секоја грешка може скапо да нè чини“ – рече црномурестиот напаѓач.
„Треба да ги контролираме нашите емоции иако сме свесни дека ќе ги има многу околу ова финале. Јас сум фокусиран на тимот а не на индивидуалните награди“ – потенцираше фудбалерот на ПСЖ.

