Младиот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле, поради повреда ќе отсуствува од терените околу еден месец, објави каталонскиот состав.
Францускиот интернационалец ги одигра сите 90 минути на гостувањето кај Атлетик Билбао од воведното коло во Примера Дивизион кога неговиот тим загуби со 1 спрема 0. 22 годишниот фудбалер кој две сезони ги брани боите на Барса досега има пропуштено 53 натпревари главно поради повреди.
Отсуството на Дембеле ќе биде голем удар за тренерот на Барселона кој не може да ги користи услугите и на првите ѕвезди во тимот, повредените Меси и Суарез.