Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, ќе паузира минимум две недели поради повреда, пренесува весникот „АС“.
Францускиот репрезентативец ја напушти последната тренинг сесија со болки во мускулите во десната нога. Прегледите покажаа дека не станува збор само за преоптоварување, а 22-годишникот е веќе надвор од комбинацијата на Кике Сетиен. Тој ќе ги пропушти натпреварите со Атлетик Билбао од Купот на кралот, со Бетис и Хетафе од Ла Лига и би требало да биде подготвен најрано за средбата на домашен терен со Еибар на 22 февруари.
Оваа сезона Дембеле има одиграно само 5 натпревари и постигнато 1 гол во Ла Лига поради бројните повреди. На „Камп Ноу“ повреден е и Луис Суарез, што значи дека Сетиен останува во нападот со Лео Меси, Ансу Фати и Антоан Гризман.

