Агентот на напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле, Муса Сисоко изјави дека играчот нема да го напушти тимот ова лето, и покрај интересот на Ливерпул и Јувентус.
„Мислам дека Осман нема да ја напушти Барселона за време на летниот преоден рок“, рече Сисоко во интервју за „Л‘Екип’.
Дембеле има само 9 натпревари со 1 гол за Каталонците во досегашниот дел од сезоната. За него се заинтересирани и голем број други клубови, меѓу кои и Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Јувентус.