Осман Дембеле кој влезе во последната година од договорот со Барселона не ја прифати понудата на клубовите од Саудиска Арабија, поточно Ал-Наср во чии редови настапува Кристијано Роналдо.
Ал-Наср е подготвен да плати околу 50 милиони евра за услугите на француското крило. Клубот на Дембеле му понудил плата од 40 милиони евра за договор на пет години, што вкупно носи 200 милиони за целокупната соработка. Сепак, Французинот не е заинтересиран за таква опција веднаш ја одби понудата. Главна цел на Дембеле е да потпише нов договор со Барселона.
Двете страни се отворени за продолжување на договорот, но проблем претставува само платата од десет милиони евра годишно. Тренерот Чави го гледа Дембеле како дел од својот проект, па се очекува проблемите да се надминат и тој да потпише нов договор со Барселона.