Мултимилионското засилување на Барселона, Осман Дембеле, се приклучи на составот на својата екипа за утрешниот натпревар против Виљареал.
Светскиот шампион со Франција се излечи од неговата повреда и доби лекарска дозвола да игра. Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд имаше повреда на бутот во првото коло од „Ла Лига“ против Атлетик Билбао.
Ернесто Валверде ги тргна од списокот за оваа средба Иван Ракитиќ и Карлес Перез, кои беа во составот на Барселона на саботното гостување кај Гранада каде загубија со 2:0.
Ансу Фати повторно беше меѓу фаворитите на тренерот. Поради повредите од составот ќе ги нема Самуел Умтити и Жорди Алба.