Осман Дембеле, кој ја надминал повредата на препоните, повторно тренира со своите соиграчи во Барселона, соопштуваат шпанските медиуми.
Напаѓачот беше надвор од терените повеќе од три недели, но ќе може да игра за шпанскиот шампион во претстојниот натпревар против Манчестер Јунајтед од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
21-годишниот репрезентативец на Франција сигурно ќе го пропушти дербито од „Ла Лига“ меѓу Барселона и Атлетико Мадрид на 6 април, бидејќи тренерот на каталонците Ернесто Валверде не сака да ризикува со раното вклучување во составот на Дембеле.
Минатата сезона Осман Дембеле пропушти околу пет месеци од сезоната поради разни повреди. Барселона му гостива на Манчестер Јунајтед на стадионот „Олд Трафорд“ на 10-ти април, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

