Напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле успеа да го комплетира трансферот во Лион во последните часови на трансфер периодот. Францускиот интернационалец потпиша петгодишен договор со неговиот нов тим и официјално е на „Жерлан“.
Дембеле стана предмет на сериозни недоразбирања во последните неколку дена, откако од Лион итно испратија понуда за неговиот потпис во вредност од 18 милиони фунти. На крајот, двете екипи се согласија за износ од 20 милиони фунти и договорот беше завршен на самиот крај од трансфер периодот.