Луѓето од Манчестер Јунајтед во текот на претходната сезона внимателно ги следеле настапите на Холанѓанецот, Дензел Демфрис, тврди денеска – „Калчомеркато“.
26-годишниот фудбалер на Интер имаше одлично деби во Калчо-лигата. Тој на 45 средби постигна 5 голови и направи 7 асистенции. „Нероаѕурите“ во претходното лето му платија 14 милиони евра на ПСВ Ајндховен за да го добијат договорот на Демфрис.
Иако играчот од средината на теренот има тековна соработка со италијaнскиот тим до 2025 година, вестите од Милано велат дека челниците на тимот се подготвени да го продадат доколку добијат добра понуда.