Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал, беше позитивен на КОВИД-19 за време на кампот со турската репрезентација, објавија италијанските медиуми.
Тој се приклучи на Турција, иако се опоравуваше од повредата и за време на собирот му беше дијагностициран коранавирус.
Демирал може да се врати во Торино со специјален медицински лет утре, како што тоа го стори Кристијано Роналдо во октомври кога беше позитивен на тестот во репрезентацијата на Португалија. Дефанзивецот е десеттиот играч на Јувентус со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата.