Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ден на одлука за неколку екипи во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Ден на одлука за неколку екипи во Лигата на шампионите

    risteBy riste28/11/2018No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денес е вториот дел од натпреварите во рамките на 5-то коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Некои од тимовите ќе ја играат клучната средба за пласман понатаму , а други екипи немат шанси за пласман понатаму па ќе се борат за Лигата на Европа.

    „Мечот на вечерта” е натпревар помеѓу ПСЖ и Ливерпул. Двете екипи се борат во жестока битка со Наполи за првите две места во групата Ц. Италијанците и ПСЖ имаат по 6 поени, а Ливерпул е со 5 и евентуалниот пораз на „Парк де Пренс” практично ќе се покаже фатална за тимот на Јирген Клоп, ако во исто време Наполи ја победи Црвена Ѕвезда на домашен.

    ПСЖ целосно зависи од себе. Победата против Ливерпул и три поени на гостувањето во Белград ќе значи пласман во 1/8 финалето. Наполи нема право на грешка против Црвена Ѕвезда, а од друга страна „црвено-белите“ кои имаат 4 поени, сеуште не ги загубиле шансите да ја поминат групата.

    Во групата „А” речиси сè е јасно. Атлетико Мадрид и Борусија (Дортмунд) не дозволија грешки во првите натпревари со Монако и Бриж, а потоа си разменија по една победа во директните дуели и ја предводат табелата. Вечерва, Атлетико го пречекува Монако на „Ванда Метрополитано“, а Борусија е домаќин на Бриж. Ако Германците не го изгубат овој меч, тоа ќе стави крај на дилемите за првите две места.

    Важен натпревар во групата „Ц“ е помеѓу Тотенхем и Интер. Тотенхем се во одлична расположение по победата над Челзи во текот на викендот, но сега треба да го повторат настапот и по секоја цена да ги освојат трите бода. Секој друг резултат ќе го пласира Интер во фазата на елиминации.

    Барселона веќе си обезбеди пласман во осминафиналето, а со победа во Холандија против ПСВ Ајндховен може да си го обезбеди првото место. ПСВ се на дното со само 1 поен, но сепак може да се изборат за третата позиција при поволен развој на натпреварите во последните две кола.

    Во групата „Д“ лидерот Порто е домаќин на вториот Шалке 04. Ако еден од двата тима победи, ќе биде сигурен осминафиналист. Порто исто така ќе се квалификува со нерешено. Бодот може да се покаже добар резултат и за Шалке, но само ако Галатасарај не победи кај Локомотив (Москва) како гостин. Русите се единствениот тим без поени од сите учесници во групната фаза. Локомотив Моксва нема шанси дури и за третото место, но ќе се обидат да им се реваншираат на Галатасарај за тешкиот пораз со 3:0 во Истанбул. Турците треба задолжително да дојдат до победа.

    Сите натпревари од денешната програма имате можност да ги следите на фрекфенцијата на Спортско радио 90,3 ФМ во термините од 18.55 и 21.00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.