Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ден за фудбалска историја на Македонија !!!
    Фудбал

    Ден за фудбалска историја на Македонија !!!

    risteBy riste29/03/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кога некој ќе треба да игра против Македонија сигурно дека нема да размислива исто како што мислел порано, тоа е фудбалската репрезентација која во период од 1 година успеа да победи на гостински терен против повеќекратните освојувачи на СП, Германија и Италија.

    Вечерва избраниците на селекторот Благоја Милевски без страв, со голем респект гостуваат кај уште еден фудбалски гигат – Португалија. Со победата над Италија во Палермо (0-1), нашите фудбалери се пласираа во финалето во баражот за Светското првенство (СП), кое оваа година ќе се игра во Катар, и ќе се соочат со Португалија.

    Нашите фудбалери ќе се борат за деби настап на СП, а со самиот пласман во финалето уште еднаш покажаа дека ништо не е невозможно. Сега следи мечот за историја, против тимот предводен од еден од најдобрите играчи во историјата. За очекување е да има минимални промени во стартниот тим од дуелот со „азурите“, затоа што Милевски на располагање ги има Ељиф Елмас и Тихомир Костадинов. Двајцата играчи од средниот ред беа суспендирани за дуелот со Италија поради жолти картони, а голема е веројатноста дека двајцата сега ќе се најдат во стартниот тим.

    Се очекува повторно Милевски да се определи за формацијата 4-2-3-1, овој пат со повеќе офанзивна игра од онаа на „Ренцо Барбера“. Стартниот тим се очекува да биде Димитриевски (голман), Стефан Ристовски, Муслиу, Велковски, Алиоски (одбрана), Адеми, Костадинов; Елмас, Барди, Чурлинов (среден ред) и Александар Трајковски (напад).

    Од овој состав на Македонија, дури осум фудбалери веќе еднаш играа против дел од овие репрезентативци на Португалија. Во 2017 година, на ЕП за играчи до 21 година, играа Барди, Бабунски, Николов, Елмас, Шишковски, Муслиу, тука беа и Велковски и Костадинов. Тренер на младинскиот тим тогаш беше Благоја Милевски. Да се надеваме дека нашите репрезентативци ќе се одмаздат за тој пораз од 2:4 во Полска.

    Според најавата Португалците ќе бидат во најсилниот состав. Фернандо Сантош во полуфиналниот бараж ја доби Турција (3-1) со головите на Отавио, Жота и Нуњез. Против Македонија на терен ќе истрчаат најдобрите: Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), потоа Диого Жота (Ливерпул), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид) и уште многу други ѕвезди. Добра вест за домашната селекција е враќањето на 39-годишниот Пепе кој е многу важен во одбраната. Ние се надеваме дека Македонија нема да биде на списокот на земји на кои Кристијано Роналдо и постигнал гол, тој досега има постигнато голови против 45 различни земји, против Македонија има играно еднаш, но тогаш не даде гол.

    Македонија и Португалија во историјата имаат две пријателски средби – во 2003 година во Лозана, Португалците победија со голот на Луис Фиго (0:1), додека во 2012 мечот во Леирија беше 0:0. Поскауваме првата победа против Португалија да ја оствариме вечерва во Порто.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Дијаз ќе се врати во татковината

    24/03/2023

    Холанѓанецот го пофали Рашфорд

    24/03/2023

    Халанд е на испитување во Барселона

    24/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.