Денеска ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Настанот ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион. Церемонијата ќе започне во 12:00 часот.
Да потсетиме, екипите се поделени во два шешира: едните се носители (оние кои го освоија првото место во групата), другите се неносители (оние кои го освоија второто место). Тие ќе играат меѓу себе, но има ограничувања: исклучени се средби меѓу екипи од иста земја, како и меѓу клубови кои веќе се сретнале во групната фаза.
Шешир 1 (победници на групите): Баерн Минхен, Борусија Дортмунд (Германија), Манчестер Сити, Арсенал (Англија), Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Барселона (сите од Шпанија).
Шешир 2 (второ места во групите): ПСВ (Холандија), ФК Копенхаген (Данска), Интер, Наполи, Лацио (Италија), РБ Лајпциг (Германија), ПСЖ (Франција), Порто (Португалија).
Првите натпревари се играат на 13,14,20,23 февруари 2024 година, реванш натпреварите се играат на 5,6,12 и 13 март 2024 година.
Финалето е закажано за 1 јуни во Лондон на стадинот „Вембли“.