Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопатеги официјално да биде отпуштен денес, ова го пренесоа весниците „Марка“ и „АС“. Истите тврдат дека веќе ова е факт, но се чека и формално да биде соопштено.
Претседателот на клубот Флорентино Перез имаше состанок и ја анализира ситуацијата заедно со одборот на директори, но одлуката за тренерот е веќе донесена.
Поразот од 1:5 во дербито во Барселона и 5 последователни натпревари без победа се доволна причина за смената на тренерот. Со оваа лоша серија Реал Мадрид се најде на 9-то место, а тоа ќе го означи крајот на престојот на Лопатеги на „Сантијаго Бернабеу“.
Според „Марка“, тој дури и се збогувал со своите играчи во соблекувалната пред самиот натпревар на „Камп Ноу“, како што наводно било „во секој случај”, но изгледа дека чуствувал дека ќе се случи овој дебакл за неговата екипа.
Медиумите во Шпанија тврдат дека се знае и неговиот наследник, а тоа е Антонио Конте, за кој долго време беше кажано дека ќе го наследи, а сега и Италијанецот доби зелено светло откако официјално го прекина договорот со Челзи пред неколку дена. Се тврди дека Конте дури и ќе пристигне во Мадрид денес, а неговото назначување ќе биде потврдено веднаш по веста за отказот на Лопатеги.