Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Денес се очекува Реал да го отпушти Лопатеги, а потоа да го назначи Конте
    Фудбал

    Денес се очекува Реал да го отпушти Лопатеги, а потоа да го назначи Конте

    risteBy riste29/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопатеги официјално да биде  отпуштен денес, ова го пренесоа весниците „Марка“ и „АС“. Истите тврдат дека веќе ова е факт, но се чека и формално да биде соопштено.

    Претседателот на клубот Флорентино Перез имаше состанок и ја анализира ситуацијата заедно со одборот на директори, но одлуката за тренерот е веќе донесена.

    Поразот од 1:5 во дербито во Барселона и 5 последователни натпревари без победа се доволна причина за смената на тренерот. Со оваа лоша серија Реал Мадрид се најде на 9-то место, а тоа ќе го означи крајот на престојот на Лопатеги на „Сантијаго Бернабеу“.

    Според „Марка“, тој дури и се збогувал со своите играчи во соблекувалната пред самиот натпревар на „Камп Ноу“, како што наводно било „во секој случај”, но изгледа дека чуствувал дека ќе се случи овој дебакл за неговата екипа.

    Медиумите во Шпанија тврдат дека се знае и неговиот наследник, а тоа е Антонио Конте, за кој долго време беше кажано дека ќе го наследи, а сега и Италијанецот доби зелено светло откако официјално го прекина договорот со Челзи пред неколку дена. Се тврди дека Конте дури и ќе пристигне во Мадрид денес, а неговото назначување ќе биде потврдено веднаш по веста за отказот на Лопатеги.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.