Денес во Катар започнува Светското клупско првенство, што се одржува во организација на Светската фудбалска организација (ФИФА).
На отворањето од 15:00 часот ќе се сретнат мексиканскиот Тигрес и претставникот на Јужна Кореја, Улсан Хјундау, додека во поплдневниот термин од 18:30 часот Ал-Духаил ќе игра шротив Ал-Ахли.
Победникот на дуелот Тигрес – Улсан Хјундаи на седми февруари во полуфиналето ќе игра против освојувачот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, Палмеирас, а подобриот од дуелот Ал-Духаил – Ал Ахли ден подоцна во полуфиналето ќе му се спротистави на освојувачот на Лигата на шампионите на УЕФА, Баерн од Минхен. Натпреварот за трето место и финале ќе се играат на 11 февруари.
Светското клупско првенство требаше да биде одржано во декември 2020 година, но беше одложено поради пандемијата на ковид-19. Доколку Баерн Минхен триумфира ќе го повтори успехот на Барселона, која досега има освоено шест трофеи во 2011 година, кога на клупата на оваа екипа беше Пеп Гвардиола.

