Денеска во Скопје се одржа Интернационален Биатлон Форум во организација на Биатлон федерацијата на Македонија.
На дневен ред беа поставени неколку панел дискусии на различни теми: Уривање на стереотипите во спортот, професијата, еднаквоста на половите, значењето на рамноправноста, улога на невладиниот сектор, влијанието на тренерите и учеството на лица со посебни потреби во општеството и спортот.
Пред присутните гости и учесници проговорија и Кочо Кираца преседател на Биатлон федерацијата, Оле Далин првиот човек на ИБУ, Славица Грковска вице-премиер, Министерите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска, првите луѓе на МОК и АМС, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски како и Кејт Брнз Амбасадор на САД во нашата земја.