Иконата на светскиот фудбал, Лионел Меси е само на неколку часови од завршувањето на договорот со Барселона и да од тоа да стане слободен агент.
Денес е последниот ден од неговиот договор со Барселона, каде тој е над 20 години. Информациите се дека напаѓачот сепак ќе остане на „Камп Ноу“ со нов договор, но тој сè уште не е потпишан, а тоа се очекуваше да се случи во изминатите неколку дена. Во моментов Лео Меси е со репрезентацијата на Аргентина на Копа Америка.
Меси, кој наполни 34 години пред неколку дена, е во Барселона уште од дете. Тој беше привлечен во 2000 година, а на неговиот 18-ти роденден го потпиша својот прв професионален договор со клубот. Досега има 34 трофеи со Каталонците, како и еден куп индивидуални награди, вклучувајќи рекордни шест „Златни топки“.
Минатото лето, капитенот се обиде да ја напушти Барса поради недоразбирање со претходното раководство. Неговото незадоволство од претседателот Joзeф Марија Бартомеу му помогна на првиот човек на клубот да си замине. Жоан Лапорта, кој е во добри односи со големата sвезда, се врати да го води тимот. Токму тој вети дека ќе стори се што е во негова моќ да го убеди Меси да потпише повторно. Во оваа фаза нема информации дека Меси е близу до договор со друг клуб, но од утре тој ќе може слободно да оди каде што сака.

