Во текот на денов во Куманово ќе бидат реализирани финалните мечеви во машка и женска конкуренција во ракометниот Куп на Македонија.
Програмата ќе ја отворат девојките од 16.00 часот со дуелот ЖРК Вардар-Куманово додека мажите ќе излезат на теренот во 20.00 часот. Вардарци кои се главните фаворити за победничкиот пехар ќе играат против Металург.
Во вчерашното полу-финале, „металурзите“ го совладаа Бутел со 34:31 додека избраниците на Парондо беа подобри од Еурофарм Работник со 35 спрема 30.