Во групата Е, Баерн Минхен е сигурно прв додека Барса и Бенфика конкурираат за второто место. Шпанците ќе имаат тешка задача на „Алијанц Арена“ бидејќи само победа им гарантира место во разигрувањето. Од друга страна, Португалците ќе го пречекаат отпишаниот Динамо Киев. Никој не се сомнева дека на „Луж“ ќе дојде лесна победа за Бенфика.
Во групата Ф Манчестер Јунајтед е зациментиран на првото место. И тука како во претходната група ќе се води битка за втората позиција и тоа на теренот во Бергамо меѓу Аталанта и Вилјареал. Италијанците ќе мора да победат додека Шпанците и со реми ќе ја исполнат целта и ќе одат во фазата на елиминации.
Во групата „Г“ сите 4 екипи имаат теоретски шанси да одат натаму во елиминациите. Лил е во најдобра позиција. Францускиот шампион ќе напредува доколку не загуби на гостувањето кај Волфсбург а со евентуална победа ќе го освои првото место. Нерешениот резултат, исто така, може да ги остави на врвот под услов, Салцбург да остане без победа на натпреварот против Севилја. Австријците ќе се квалификуваат во четвртфиналето доколку не загубат
Во групата „Х“ Јуве и Челзи се сигурни учесници во 1/8 финалето а Зенит го има обезбедено третото место. Англичаните и Италијанците ќе треба да го одредат победникот во групата. Челзи е во подобра позиција бидејќи со победа против Зенит на гостувањето во Русија сигурно ќе заврши на првото место.

