РБ Лајпциг и ПСЖ вечер ќе влезат во првата голема полу-финална пресметка во Лигата на фудбалските шампиони. Со почеток од 21 часот, на „Естадио до Спорт“ во Лисабон, ќе ја гледаме првата француско-германска битка во сегашнава фаза.
Двата тима имаат за цел да стигнат до финалето за првпат во историјата. Лајпциг доколку успее да го стори тоа ќе стане седмата германска екипа која се појавила во најпрестижниот фудбалски меч во една натпреварувачка сезона. Тој пласман ќе ги остави германските тимови веднаш зад англиските кои имаат најмногу екипи што биле дел од големото финале.
Ако ПСЖ пак, успее да забележи победа, ќе стане првата француска екипа која стигнала до финалето на ЛШ по Монако во сезоната 2003/04. година.