Екипата на ПСЖ доцна вечер во 21.00 часот ќе го пречека составот на Борусија Дортмунд во вториот меч од полуфиналето на елитата на Европа.
Германците допатуваа во Франција со минимална предност од 1-0 остварена на – „Сигнал Идуна Парк“. Тимовите беа ривали и во групната фаза. Во досегашните нивни средби, ПСЖ има две победи, три меча завршиле нерешено а бундес-тимот победил два пати.
Можни состави: ПСЖ: Донарума; Хакими, Маркињос, Бералдо, Мендес, Заир-Емери, Витиња, Фабиан Руиз, Дембеле, Мбапе, Баркола. Борусија Д: Кобел; Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Маатсен, Кан, Сабицер, Адејеми, Брант, Санчо, Филкруг. Главен судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија.