Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците за групната фаза на Европското првенство догодина во Данска, Норвешка и Шведска закажано од 15 јануари до 1 февруари. Составувањето на групите ќе се направи доцна вечер од 19.00 часот во данскиот град Хернинг. Еве како се сместени репрезентациите според рејтингот.
1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови
3: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија
Групната фаза ќе се одигра во Хернинг – Данска, Осло -Норвешка и Малме и Кристијанштад – Шведска. Главната рунда ќе се одржи во Хернинг и Малме додека мечевите за медали ќе бидат на теренот на Данците.

