Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Денеска ќе се комплетира второто коло во ЛШ
    Фудбал

    Денеска ќе се комплетира второто коло во ЛШ

    dinoBy dino03/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската елита на Стариот континент во текот на денов ја очекуваат нови средби во групната фаза. Од 18.55 часот, Локомотив во Москва ќе го пречека Шалке додека францускиот ПСЖ ќе и биде домаќин на Црвена Ѕвезда.

    Русите и германците најавуваат фајтерска битка, белграѓани пак, сензација на „Паркот на принцовите“. Во терминот од 21.00 часот ќе бидат реализирани вкупно 6 средби. Атлетико Мадрид треба да ја потврди добрата форма против Бриж. Шпанците се влезени во ритам, тимот од Белгија ги чека првите бодови. Борусија Дортмун која меле се пред себе треба да има лесна задача против Монако откако гостите од Франција преполовени допатуваа во Германија. Наполи и Ливерпул ќе одиграат дерби. Италијанците на стартот ремизираа во Белград додека Ливерпул ги победи „светците“ од Париз. Вториот меч што отскокнува во денешната понуда ќе биде во Англија. Барселона ќе му гостува на Тотенхем. Почетино има проблеми да закрпи добар состав, кај Каталонците владее лоша клима по серијата на неуспеси. Порто вечер ќе излезе на мегдан со Галатасарај. Домаќинот извлече бод во првата рунда во Германија додека турците беа супериорни против Московјани. Интересно треба да биде и во Холандија. ПСВ кој на стартот беше декласиран од Барса ќе го пречека тимот на Интер.

    Денешните мечеви од Лигата на фудбалските шампиони ќе можете да ги следите и во специјализирани термини на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.