Откако беше потврдено дека менаџерот на Арсенал, Мигел Артета е позитивен на корона-вирус, утрешната средба од 30. коло од Премиер-лигата меѓу Брајтон и Арсенал експресно е одложена.
Дуелот требаше да биде одигран во првиот ден од викендот но, вчерашната потврда дека Шпанецот е болен, ги натера луѓето од ФА веднаш да реагираат.
Најновата информација дека и во редовите на Челзи, Калум Одои, е ставен во самоизолација, се наметнува прашањето дали челницата на Премиер-лигата на денешниот состанок ќе донесат одлука да ги прекинат сите активности како што тоа го направија Серија „А“, Ла Лига и Француската федерација.