Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Денеска почнува 32. издание на Турнирот на медиумите, ќе се игра фудбал „3х3“
    Домашен микс

    Денеска почнува 32. издание на Турнирот на медиумите, ќе се игра фудбал „3х3“

    sasoBy saso28/10/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска на платото пред ТЦ Бисер во нас. Аеродром во Скопје започнува 32. издание на Турнирот на медиумите во мал фудбал во организација на Спортското радио 90.3 фм. На првиот ден од турнирот ќе ги проследиме натпреварите во мал фудбал 3х3 меѓу македонските РТВ куќи кои годинава ќе настапат на манифестацијата, а тоа се составите на Сител, Канал 5, Алфа ТВ, МРТВ, Телма и Спортско радио 90.3 фм.

    Според распоредот на натпреварите денешната дружба и фудбалски натпревар стартува во 11 часот со првите два ревијални натпревари на кој ќе настапат најмладите од основните училишта на територијата на општина Аеродром, а потоа ќе следуваат многу интересни пресметки во двете групи меѓу медиумите, се до финалето кое е закажано во 15.30 часот.

    Натпреварите ќе се играат на специјален терен за натпревари во мал фудбал 3х3 кој ќе биде поставен на платото на ТЦ Бисер. Утре вториот ден на турниот ќе има интернационален карактер на кој ќе се појават репрезентации составени од естрадни ѕвезди, поранешни фудбалери и спортисти, јавни личности од земјите од соседството, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и секако Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.