Арсенал и Пари Сен Жермен (ПСЖ) вечер ќе се соочат во долгоочекуваниот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите на УЕФА на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Арсенал, под водство на Микел Артета, е во одлична форма во Лигата на шампионите доаѓајќи во полуфиналето по победата против бранителот на тронот Реал Мадрид со вкупен резултат од 5-1. ПСЖ, предводен од Луис Енрике, еволуираше во импозантен тим. Французите ги победија во нокаут фазата екипите од Премиер лигата Ливерпул и Астон Вила
АРСЕНАЛ можен состав: Раја; Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели; Рајс, Мерино, Одегард; Сака, Тросар, Мартинели. ПСЖ можен состав: Донарума; Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш; Руиз, Витиња, Невес; Баркола, Дембеле, Кваратскелија. Мечот во Лондон, ќе го суди Словенецот Славко Винчич.

