Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Денеска стартува 28-то СП во Ракомет, Македонија дел од светската елита
    Фудбал

    Денеска стартува 28-то СП во Ракомет, Македонија дел од светската елита

    risteBy riste11/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска започнува 28-то СП во ракомет, овој пат организатори се Полска и Шведска кои ќе ги пречекаат  32-те репрезентации кои ќе се обидат да направат најдобри резултати за себе. Првото Светско првенство се одржа во далечната 1938 година во Германија. Учествуваа само четири селекции, а титулата првак ја освои домаќинот. Се играше сосема различен ракомет од денешниот, таканаречен голем ракомет.

    Секој играше со секого, а Германците забележаа три победи. Втора беше Австрија, а бронзениот медал го освои Шведска. Последна, четврта беше селекцијата на Данска. За следното СП се чекаше цели 16 години. Домаќини во 1954 година беа Швеѓаните, а како и на првото, титулата му припадна на организаторот. Бројот на тимови се зголеми од четири на шест, а се играше во две групи со по три селекции. Тоа беше последно првенство на големиот ракомет. Потоа следуваше промена и нови правила, не се играше на фудбалски терен и полека се префрлуваше на ракометот кој с еигра денес. Шведска, Франција и Романија со по четири шампионски титули се на врвот на вечната листа на шампиони , а следат Русија и Германија со по три.

    Македонија е една од земјите кои во континуитет се натпреварува на големите натпреварувања, како што е случајот на Светските првенства. Има земји во Европа кои никогаш досега не учествувале на СП во ракомет. Дури дванаесет земји од нашиот континент никогаш не учествуваа на Светските првенства: Албанија, Андора, Белгија, Естонија, Ирска, Латвија, Лихтенштајн, Малта, Молдавија, Монако, Сан Марино и Велика Британија.

    Германија е земјата која имала најмногу можности да биде домаќин на Светските првенства, досега седумпати ја имале таа улога.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.