Македонската фудбалска репрезентација денеска че одигра пријателски меч против Фарски Острови од 18 часот во Скопје и тоа ќе биде прв меч во историјата меѓу двете селекции. По успешниот старт на квалификациите за ЕП 2024 и победата над Малта (2:1), избраниците на селекторот Благоја Милевски денеска ќе имаат уште еден тест пред јунското продожение на квалификацискиот циклус во кој не чекаат две исклучително тешки средби со Украина и Англија.
Денешниот ривал во Скопје доаѓа по ремито на гости кај Молдавија (1:1) со кое го почнаа ицклусот квалификации за следното Евро 2024. За денешниот меч нема да бидат во комбинација Муслиу, Димитриевски, Зајков и Адеми. Средбата ќе ја суди Црногорецот Савовиќ.