Од денеска, па се до недела во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе се одржи 21. Светски шампионат во традиционално карате за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети, како и 1. Светски куп за деца “Хидетака Нишијама”.
Македонската Традиционална Карате федерација за првпат е организатор на еден ваков светски настан на кој ќе учествуваат над 500 каратисти од 44 земји.
За Македонија ќе настапат 78 натпреварувачи во сите возрасни категории и дисциплини.