8 голови на четири средби донесе петтиот ден на Светското фудбалско првенство во Катар. Португалија, Бразил и Швајцарија, стигнаа до првите победи а Кристијано Роналдо влезе во историјата како прв играч што постигнал најмалку еден гол на пет последователни Мундијали.
Во групата „Г“, Бразил славеше против Србија со 2:0 со головите на Ришарлисон додека Швајцарија го победи Камерун со 1-0 со голот на Емболо, кој има корени од африканската земја и затоа не покажа радост.
Во групата „Х“, Португалија ја совлада Гана со 3:2. За составот од Пиринеите погодија Роналдо (пенал), Жоао Феликс и Леао додека за Гана стрелци беа Аје и Букари. Вториот меч меѓу Уругвај и Јужна Кореја заврши без голови и влезе во историјата како прв во тековниов век во кој немаше упатено удар во рамките на голот.