Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Денеска завршни мечеви во Е-Х сегментот во ЛШ
    Фудбал

    Денеска завршни мечеви во Е-Х сегментот во ЛШ

    dinoBy dino08/12/2020No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во групата  „Е“ денеска ќе има два меча од последното 6 коло кои ќе бидат одиграни во Франција и Англија со почетокот во 21.00 часот.  Составот на Рен ќе ја пречека Севилја, двата тима немаат натпреварувачки мотив бидејќи Шпанците си обезбедија место во елиминациите додека Французите по само 6 средби ќе ги завршат обврските во Европа. За домаќините нема да настапат Ругани, Гомис и уште некОлку првотимци додека за тимот од Пиринеите нема да играат:  Акуна, Ескудеро и Хадади. Главен судија ќе биде Франковски од Полска. Паралелно ќе се реализираи  средбата во Англија меѓу Челзи и Краснодар. И тука ќе им биде тешко на двајцата тренери да ги мотивираат играчите бидејќи бодовите немаат значење. Англичаните се сигурно први во групата додека Русите ќе презимат во меѓународната конкуренција бидејќи го имаат третото место кое ќе ги однесе во Лигата на Европа. Лампард најави дека ќе им даде шанса на помладите фудбалери додека Русите допатуваа во редуциран состав. Мечот на „Стемфорд Бриџ“ ќе го води судијата Краловец од Чешка.

    Во групата „Ф“, Борусија (Дортмунд) е сигурен патник во осмина-финалето додека средбата во Рим меѓу Лацио и Бриж, ќе одреди кој ќе остане во елитата а кој ќе се спушти во второто по ранг натпреварување под капата на УЕФА. На „римските орли“ им е доволен  бод  додека белгијците ќе мора да одат на полн погодок. Домашниот тренер остана без услугите на Муричи и Лулуќ, додека под знак прашалник се: Кореа, Патрик и Каичедо. Во гостинскиот тим ќе го нема првиот напаѓач Митровиќ кој е подолг период надвор од терените. Средбата на „Олимпико“ која ќе започне во 18.55 часот ќе ја води  турскиот судија Чакир . Во истиот термин,  Зенит ќе и биде домаќин на Борусија Дортмунд. Русите со денешниот меч ќе го завршат настапот во Европа додека „милионерите“ доколку победат, ќе си го обезбедат првото место во групата кое условно , треба да им донесе полесен противник во елиминацискиот дел. За домаќинот нема да играат Ерокин и Ловрен додека кај бундес-тимот ќе отсуствуваат: Халанд, Шмелцер, Муние, Гвереро, Далху, Мареј и Рение. Средбата на „Гаспром Арена“ во Санкт Петербург ќе ја суди Коваш од Романија

    Во групата „Г“ претстои дерби мечот меѓу Барселона и Јувенту или како што најавуваат медиумите во двете земји, дуел меѓу Меси и Роналдо. Барселона има максимален ефект и во најмала рака со реми ќе биде прва во групата додека „старата дама“ мора да победи со три гола позитива за да избие на челната позиција. Како и да е,  двата тима ќе одат понатаму.  Затоа, повеќе внимание привлекува дуелот на мега ѕвездите Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои треба да истрчаат на теренот од 21.00 часот. Куман ќе ги нема Дембеле, Фати, Пике, Роберто и Умтити додека неговито колега Пирло остана без услугите на Киелини и Демирел. Почетокот  на мечот на „Камп Ноу“ ќе го означи Германецот, Стелер. Во вечерниот термин Динамо Киев ќе излезе на мегдан со Ференцварош. Тоа ќе биде решавачка битка за третото место кое носи во Лигата на Европа. Двата тима имаат по само 1 бод откако нивната пресметка во Будимпешта заврши нерешено 2:2. Украинците денеска може да тактизираат и да одат на реми додека Унгарците немаат друг избор и ќе мора да нападнат од првата минута. Двајцата тренери ќе може да ги фрлат во оган најдобрите што значи дека треба да очекуваме фајтерска битка.  Таа да помине во границите на дозволеното ќе се погрижи Швеѓанецот, Екберг.

    Во групата „Х“, сите погледи ќе бидат насочени кон пресметката меѓу РБ Лајпциг и Манчестер Јунајтед.  Германците ќе мора да победат за да одат понатаму додека на „црвените ѓаволи“  и еден бод ќе им заврши голема работа. Домашниот тренер има огромни проблеми да ја оформи најдобрата постава бидејќи надвор од стројот се : Упамекано, Самарџиќ, Лајмер, Клостерман, Чан, Хенрих и Хартман додека Оле ГУнар Солскјер ги остави во Англиј:  Кавани, Фред, Џонс и Мартиал а под знак прашалник е настапот на Де Геа и Лук Шо. Главен судија на дуелот кој ќе започне во 21.00 часот ќе биде искусниот Лахоз од Шпанија. Во вториот меч во групата, ПСЖ ќе го пречека Башакшехир. Добрите познавачи на фудбалот го прежалија турскиот состав бидејќи на„Паркот на принцовите“ домаќинот мора да оди на победа. Машинеријата за голови предводена од Нејмар и Мбапе треба да има лесна задача против една од најслабите одбрани во Лигата на шампионите. УЕФА за тој дуел го делгираше романскиот судија Хатеган. На табелата ПСЖ, Лајпциг и Манчестер Јунајтед имаат по 9 бодови додека Башакшекир е на последното место со 1 бод.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.