Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски има тројца голмани на располагање во Израел за мечот кој го играме утре во Бер Шева, но и за натпреварот со летонија за неколку дена.
Димитриевски, Илиев и Шишковски се кандидати за да го чуваат голот на нашата репрезентација, а кој ќе добие шанса останува да одлучи селекторот.
Младиот голман Дени Илиев кој од Англија се пресели во СЛовачка , ветува борбеност во националниот дрес. „Дојдовме да се бориме и нема да се предадеме. Ни следи тежок дуел, но ќе дадеме максимум да ја израдуваме нацијата. Како и на секоја натпревар за нашата земја, мора да бидеме спремни“, кратко изјави Дени Илиев.
Голема ќе биде одговорноста на голманот кој ќе добие шанса, гостувањата за нашата репрезентација секогаш биле со многу шанси за домашните репрезентации, затоа ќе биде важно голманот да биде на висина на задачата.