Тотенхем се договори со Њукасл да му го позајми Дени Роуз, пренесува венсикот „Телеграф“. Англискиот дефанзивец ќе се пресели во клубот до крајот на тековната сезона, а Њукасл за тоа ќе плати повеќе од 2 милиони евра за позајмицата на играчот.
Предходно, Роуз изјавуваше дека ќе ги заврши 18-те месеци што останале од неговиот договор, но под водство на Жозе Мурињо, Роуз беше многу често надвор од комбинација за настап. Самиот играч има намера да биде дел од селекцијата на Англија за претстојното Европско првенство, па се согласи да се пресели во Њукасл каде ќе ја има посакуваната минутажа.
Исто така, се појави информација дека португалскиот ренер и Роуз имаат расправија на тренинг, но подоцна самиот Мурињо ги негираше овие гласини. Оваа сезона Дени Роуз учествуваше на 12 натпревари од англиската Премиер лига и немаше забалежителен настап.