Шпанскиот репрезентативец и член на Селта Виго, Денис Суарез, испадна од комбинација за натпреварите на неговата екипа до крајот на календарската година, пренесуваат шпанските медиуми.
Играчот од средниот ред го повреди коленото за време на натпреварот со Легањес (2:3), па неговото враќање на терените се очекува на почетокот на следната година.
Денис Суарез пристигна на „Балаидос“ од Барселона за 12,9 милиони евра минатото лето. Во „Ла Лига“, 25-годишниот Суарез има одиграно 16 натпревари и постигна 1 гол.

