Челниците на Њукасл не се откажуваат од намерата да го ангажираат фудбалерот на Барселона, Мемфис Депај.
Холанѓанецот ја одработува последната сезона од договорот и во јануари ќе може да влезе во преговори со сите клубови што се заинтересирани за неговите услуги. Барса сигурно ќе сака да го продаде за да заработи колку-толку од неговиот трансфер.
Тренерот на англичаните, Еди Хау, побарал од раководството да го ангажираат Депај кој пред да замине на „Камп Нoу“ играше за ПСВ, Манчестер Јунајтед и Лион.