Челниците на фудбалскиот состав Њукасл сакаат да го ангажираат играчот на Барселона, Мефис Депај.
Холанѓанецот главно ја грее клупата во шпанскиот гигант и не добива голема минутажа. Каталонците најавија дека Депај има отворена врата да си замине во јануари.
Неговиот договор истекува во наредното лето а трансферната сума што ја бара екипата од „Камп Ноу“ е околу 10 милиони евра.