Англиските фудбалски состави Вулверхемптон и Ливерпул ќе водат жестока битка за потписот на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај, тврдат денеска медиумите во Англија.
Иако прогнозите велат дека тој ќе се определи за „црвените“, популарните „волци“, немаат намера да се откажат. Букмејкерите дури нудат коефициент 10/1 за тој трансфер. 25-годишниот фудбалер на Лион во последната сезона во Франција одигра 88 натпревари на кои постигна 34 голови.
Тренерот, Нуно Еспирито Санто, се надева дека учеството во Лига Европа ќе му помогне да го убеди Депај да потпише за неговиот состав. Тој му гарантира дека ќе биде во континуитет меѓу стартерите.

