Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај повторно побара од раководството на Каталонците да му најдат тим во кој ќе замине оваа зима поради слабата минутажа што ја добива во каталонскиот табор.
Во тековната сезона, 28-годишниот Холанѓанец мина само 131 минута на терен и постигна еден гол.
Според „Експрес“, меѓу најверојатните претенденти во борбата за играчот не е само Манчестер Јунајтед, туку и уште еден тим од Премиер лигата – лондонски Тотенхем.