Трансферот на Мемфис Депај од Барселона во Атлетико е блиску до комплетирање.
Последните информации утрово велат дека фудбалерот денеска во 8 часот по локално време со приватен лет заминал за Мадрид за да ги помине медицинските прегледи во базата на Атлетико Мадрид.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, Барселона за напаѓачот ќе добие 3 до 4 милиони евра. Депај ќе потпише договор со Атлетико до јуни 2025 година.
Оваа сезона Депај постигна 1 гол на 4 натпревари за Барселона во сите натпреварувања.