Попладнево на домашните фудбалски терени ќе се одиграат мечевите од 8. коло на ПМФЛ. Дербито на колото е на програмата во Турново, каде екипата на Академија Пандев го пречекува шампионот Шкендија.
Интерсно се очекува да биде и во Штип, каде Победа како домаќин ќе го пречека Вардар. И двете екипи во минатото коло освоија по три бода, што ќе биде дополнителен мотив и денеска да се оди на триумф.
Работнички е во ситуација, конечно, да ја запре црната серија. „Романтичарите во Скопје го пречекувааттимот на Беласица. Во останатите два меча ќе се сретнат Ренова – Шкупи и Силекс – Македонија ЃП.