Весникот – „Кориере дела Сера“ објави дека Наполи нема да го загуби служено мечот со Јуве во фудбалската Серија „А“ иако не отпатува во Торино следејќи ги препораките на локалните здарвствени власти откако во клубот се појавија неколку фудбалери заразени со ковид-19.
Наполитанците ќе бидат казнети само со одземање на 1 бод а дерби натпреварот со Јуве е презакажан за догодина на 13 јануари .
Според најавите, „старата дама“ ќе се жали на таквата одлука и ќе побара мечот да го добие службено.