Големото дерби на Италија помеѓу Интер и Јувентус ќе постави финансиски рекорд во Серија А.
За пресметката меѓу овие два тима во сабота на „Џузепе Меаца“, 78 328 билети се веќе продадени, се пофалиле од Интер. Така касата на клубот ќе се наполни со над 5 милиони евра само од влезници, што е нов рекорд од продажба на влезници во Серија А.
Се очекува на ова дерби на Италија да присуствуваат околу 10.000 навивачи на Јувентус и токму поради тоа безбедносните мерки ќе бидат строги и затегнати. Овој натпревар е исклучително важен за двата тима.
Интер се бори за место во Топ 4 и да се врати во Лигата на шампионите. Во моментов тимот на Лучијано Спалети е петти со под помалку од Рома и Лацио.
Четири кола пред крајот на шампионатот, доминацијата на „старата дама” е сериозно загрозена. Јувентус има само бод предност пред Наполи и му треба само победа на „Џузепе Меаца“. Во претпоследното коло актуелниот шампион има уште еден многу тежок дуел – оној со Рома во Рим.