Од страна на „Франс Фудбал“ беа објавени имињата на десетте голмани кои ќе се борат за трофејот „Лев Јашин“, кој се доделува на најдобриот голман во светскиот фудбал во текот на годината.
Ова ќе биде второ доделување на оваа награда, а во 2019 година му припадна на бразилскиот голман на Ливерпул – Алисон Бекер, кој овој пат не е меѓу претендентите за тоа. Дури четири од номинираните играат во Премиерлигата, а ПСЖ нема еден, туку двајца претставници. Иста е ситуацијата и со голманите од Словенија, каде исто така има двајца играчи на списокот. Џалуиџи Донарума и европскиот клупски шампион со Челзи Едуард Менди се чини дека имаат најголеми шанси за наградата.
https://twitter.com/francefootball/status/1446513219204440066
Номинирани за трофејот „Лев Јашин“ за 2021 година:
Кејлор Навас (Костарика) – ПСЖ
Емилијано Мартинез (Аргентина) – Астон Вила
Мануел Нојер (Германија) – Баерн (Минхен)
Јан Облак (Словенија) – Атлетико Мадрид
Самир Хандановиќ (Словенија) – Интер
Џанлуиџи Донарума (Италија) – Милан и ПСЖ
Едерсон (Бразил) – Манчестер Сити
Каспер Шмајхел (Данска) – Лестер
Едуард Менди (Сенегал) – Челзи
Тибо Куртоа (Белгија) – Реал Мадрид

